понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

И со рецепт нема лек во аптеките – Ден Дончев и Орхан Рамадани молчат

И со рецепт нема лек во аптеките – Ден Дончев и Орхан Рамадани молчат

„Лековите да ги платите од џеб или никако разболување после 15-ти во месецот. Пациентите во аптека не можат да ја земат неопходната терапија со рецепт бидејќи квотите биле потрошени. Можат да ја добијат, но само на приватно. Револтирани мајки но, и хронично болни велат дека пешачат по неколку километри барајќи го потребниот антибиотик и лек за крвен притисок, но безуспешно. Секаде го добиваат истиот одговор – На рецепт нема, само со пари”, објави Сител Телевизија во вестите во 16 часот.

Граѓаните се револтирани а нервоза има и кај фармацевтите. Реагираат дека потрошувачката на лекови е зголемена во последниот период, меѓутоа надлежните не прават корекција на квотите што ги добиваат аптеките. А кој ќе одговара доколку пациент нема пари приватно да ја купи неоходната терапија? Од Фондот за здравствено осигурување молк.

Нема никаков одговор од двајцата директори Ден Дончев и Орхан Рамадани, како ќе го решат овој проблем кој трае подолго време, ниту колку изнесува квотата за лекови за 2018 и дали ќе има повеќе пари за аптеките?

Најнови вести