Денеска до 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 12 училишта во Скопје и едно во Прилеп е упатена закана за поставена експлозивна направа.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.