сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Идентификувано е лицето кое се закануваше во автобус на ЈСП

Идентификувано е лицето кое се закануваше во автобус на ЈСП

Полицијата го идентификуваше и вториот насилник кој во автобус на ЈСП им се закануваше на патниците и ги навредуваше по верска основа.

Од МВР за Сител велат дека се работи на негово лоцирање.

Полицијата истражува дали освен вербалните закани и навреди во инцидентот имало и физички напад.

Сепак, најголем проблем во истрагата е што инцидентот е од пред 2 – 2 и пол месеци. ЈСП прво треба да открие на која линија и во кој точно автобус се случил инцидентот.  Лицето кое беше приведено во полициска станица има историја со повеќе кривични дела, а пред година и половина претепал и службеник на ЈСП во Транспортниот центар, откако претходно бил казнет за непоседување на билет.

Најнови вести