Игор Ивановски – Шема ќе биде промовиран како предводник на новиот Совет за креирање и имплементација на политики во СДСМ, дознава Телма.
Поранешниот висок функционер на партијата е универзитетски професор на скопскиот Економски факултет со неколку мандати како пратеник претходно.
Тој бееше дел и од претседателскиот кабинет на Бранко Црвенковски.