Македонското знаме е симнато од јарболот во Струга, а претходно тоа се случи во повеќе градови и општини низ Македонија.
Инаку, тоа не може да го направи било кој, без одлука на властите.
Јарболот на кој стоеше државното знаме се наоѓа во кругот на МВР Струга.
Вчера државното знаме беше симнато и од јарболот на врвот на Водно над Скопје.
Во врска со тоа, професорот д-р Љубомир Цуцуловски иронично коментира на Фејсбук:
– Откако го симнаа/отстранија државното знаме од врвот на Водно (Крстовар) не можам да видам од каде дува ветрот. Можеби тоа е целта?- прашува Цуцуловски.