Просечната плата се зголеми, но на еден вештачки начин. А зголемувањето на вештачки начин поттикна еден степен на повисока инфлација и тоа е нотирано во Извештајот на Светска банка, вели Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ во телефонско вклучување во емисијата Стадион на Канал 77.
Илиеска додаде дека Македонија се соочува со двоцифрена инфлација, укажувајќи дека власта залудно се фали со покачување на минималната плата бидејќи сите производи се со покачена цена, па така банкнотата од 500 денари сега има вредност колку банкнота од 100 денари.
Овие два месеца имаме двоцифрена инфлација од 18 проценти, а платите остануваат исти. И сега ако лани сте земале 30.000 денари, оваа година земјаќи ги тие 30.000 денари вредноста му е 25.000 денари. Што значи некаде од 100 евра е помала вредноста и како што кажа и Битиќи, сите ние одиме во продавница и сите ние знаеме дека банкнотата од 500 денари има важност како банкнота од 100 денари. Секој еден производ е со повисока цена, смета таа.
Илиеска истакна дека уште пред една година ВМРО-ДПМНЕ предложила замрзнување на цените на прехранбените производи, како и намалување на акцизата, укажувајќи дека тогаш тоа не било прифатено од страна ан владата на СДСМ.
Замрзнувањето на цените на основните производи беше предлог на ВМРО-ДПМНЕ уште минатата година кога почна војната во Украина и со прогласување на економската криза ВМРО-ДПМНЕ излезе со конкретни предлози. И еден од предлозите беше намалување на акциза поради тоа што горивото како дел од трошоците што влегуваат во крајната цена на производите буквално е имплементиран во секој еден производ. Но, не беше прифатена оваа мерка од власта, рече Илиеска.