сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Илиеска: Уште на почетокот со измените во Законот за јавни набавки, се гледаше дека владата тоа го прави за себе, за полесно да им оди делењето на тендери

Илиеска: Уште на почетокот со измените во Законот за јавни набавки, се гледаше дека владата тоа го прави за себе, за полесно да им оди делењето на тендери

На денешната дебата насловена „Борба со криминал и корупција, темелна европска вредност“ организирана во Струга од ВМРО-ДПМНЕ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ свое обраќање имаше и членот на Комисијата за финансии на ВМРО-ДПМНЕ на Анастасија Илиеска која се осврна на последиците од криминалот и корупцијата врз економијата на државата.

Илиевска во овој контекст истакна дека првата работа која ја направи владата на СДСМ и ДУИ веднаш по формирањето беше промената на Законот за јавни набавки со што се креираа можности за злоупотреба.

„Ова не е од вчера. Ова не е од пред две години. Ова се случува во последните скоро цели 7 години. Прва работа која што СДСМ и ДУИ како влада ја направија беше промена на Законот за јавни набавки. Релаксирањето на Законот за јавни набавки само ја релаксира процедурата на незаконско однесување и избор на веќе однапред предвиден добитник кој што треба да го добие тој тендер“ потенцираше Илиеска.

Таа исто така додаде дека институциите чија задача е да се справуваат со криминалот и корупцијата не реагираат дури кога имаат и готови информации или извештаи од други институции кои укажуваат на злоупотреби.

„Она кое што Државниот за ревизија го предочува во своите извештаи за работењето на некоја институција е она кое што треба Јавното обвинителство да го има во предвид. Забелешките од Државниот завод за ревизија можат да бидат како лесни забелешки, како препораки, но и сериозни забелешки по кои што надлежните институции дополнително, како Јавното обвинителство, треба да постапат. Од одредени извештаи кои што претходно државниот завод за ревизија ги предочило, ние не гледаме конкретни постапки коишто се спроведени од Јавното обвинителство. Постојат документи кои што оставаат траг дека одредени институции не постапувале онака како што одредени други институции кои што спаѓаат во контролниот механизам на системот во државата им препорачал и им нашол некоја забелешка“, нагласи Илиеска.

Зборувајќи за сивата економија таа истакна дека истата е резултат на нефункционирањето на одредени институции и дека колку се дозволува функционирање на истата во стопанството, толку се зголемува дупката во буџетот.

„Сивата економија која што е стимулирана од нефункционирањето на одредени институции во Македонија, според релевантни институции надвор од рамките на Македонија е некаде од 32-33 проценти. Доколку ова го претвориме во пари ќе дојде некаде од 250 до 400 милиони евра и тоа е еднакво со дефицитот на буџетот. Дефицитот од буџетот е она кое што сивата економија го прави и доколку дозволите сивата економија да функционира во стопанството, вие ја правите дупката во буџетот сѐ поголема и поголема. И тука е прашањето колку ние можеме да го оптовариме стопанството кое што плаќа и пријавува даноци на сметка на она кое што воопшто не е регулирано и она кое што воопшто како цел систем на сива економија го подгризува општеството“, заклучи Илиеска.

Најнови вести