сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Илиески: Се покажа дека претставниците на оваа власт сакале само да седнат на фотеља, да продуцираат скандали

Илиески: Се покажа дека претставниците на оваа власт сакале само да седнат на фотеља, да продуцираат скандали

Ако ние сакаме нормална држава треба сами да сработуваме, не да чекаме камшикар како што викаше Зоран Заев. Само така може да одиме напред, рече аналитичарот Богдан Илиески на гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ што се емитува на телевизија Алфа, коментирајќи ја актуелната ситуација.

Говорејќи за трагедијата во Тетово каде изгоре модуларната болница и има 14 жртви, Илиески вели дека не е нормално да нема информации од истрагата.

„Ова се случи на 8 септември утре е 1 октомври и нема уште ништо, а тие си тераат кампања, се шетаат наоколу. Не може да нема ништо од истрагата“, рече Илиески.

Тој укажа дека власта знае само да обландира и да лаже. Според него власта функционираа по онаа купи ден помини.

„Само да ги наредиш сите афери, негативни појави ти требаат три емисии, само да се набројат. Власта само продуцира скандали, афери“, рече Илиевски.

Оттука кажа тој дека ние сме на една брза лента и зборуваме само за ужасни ситуации, криминал, да не можеш да се сетиш што се било на лостата на црна хроника.

„Само тоа го прават нив не им бил императив транспарентност, одговорност, туку само да седнат на столче за да си ги користат сите бенефити“, рече Илиески.

Најнови вести