Вие сте борец за човекови права во Македонија, зошто не ги заштитивте луѓето на кои им беа прекршени човековите права? Алудирам на луѓето од настаните за 27-ми април кои беа неправедно апсени, затворани по притвори, враќани во притвори со службени сомнителни белешки и така натаму, му постави прашање активистот Богдан Илиевски на Џабир Дерала од “Цивил медиа” во денешното издание на “Само вистина” на Канал 5 телевизија.
Во делот на лагите на Дерала, рече Илиевски во однос на 27-ми април не е точно дека сме хушкале, сме ширеле говор на омраза, националистички пароли, сме барале некои амбасадори да се бркаат од земјата.
-Ако ги погледнете снимките од протестите кои постојат, ќе се уверите дека не е така. Тоа е проблем, особено кога доаѓа од устата на човек кој се бори за човековите права и слободи, барем декларативно. Настапувате со предрасуда о политичкиот непријател постојано е наречен националист, фашист. Секој кој нема да се согласува со вас е фашист. Законот треба да важи за сите и сакам да верувам во принципите на декларираните активисти за човекови права кои ќе ги бранат правата и на оние кои не конвенираат со нивните политички ставови, рече Илиевски.