Делото за 27-ми април за мене е ноторна глупост. Обвинителката која можеби била со Џабир Дерала во Шарената револуција, го пишувала обвинението по начинот “ги знам работите, ги знам работите”. Убеден сум дека не постои терористичко загрозување на уставен поредок, истакна активистот Богдан Илиевски во “Само вистина” на Канал 5 телевизија.
-Бидејќи еден елемент од кривичното дело, како што го имаат срочено во обвинителниот акт, да не е вистинит целиот акт не е вистинит. Бидејќи таму се предполага некаква поврзаност помеѓу различните групи на учесници во целиот ден и конкретно во немилите настани. Еве и Дерала не знае точно за што станува збор, бидејќи тој и неговиот “Цивил Медиа” не присуствуваа на ниту едно судење во Кривичниот суд. На секое судење судијката ги читаше присутните медиуми, но ниту еднаш “Цивил Медиа”. Каков е тој борец за човекови права? Ајде нека ја извади маската и нека каже дали е независен или позади него стои политичка партија, истакна Илиевски.