петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Илиевски: МОЈА МАКЕДОНИЈА

Илиевски: МОЈА МАКЕДОНИЈА

Денес е големиот Македонски празник 11 Октомври, денот на народното македонско оружено востание против фашистичкиот окупатор. На овој ден  македонските граѓани треба да одадат почит на сите борци кои ги положија своите животи за Македонија. Тие се  поборници за мирот, слободата, демократијата, почитување на човековите права. За борбата  против фашизмот се положија многу млади животи, со кои ни ја дадоа слободна Македонија со која не треба да се заборави скапоцената слобода издвојувана против фашизмот. Бугарија тогаш беше на спротивната страна, на страната на Оската. Таа е нејзината поразена политика (погрешна политика) во однос кон Македонија, која се уште трае и продолжува и денес.

Затоа останува аманетот кон сите нас, посебно младите генерации да не се заборави  минатото и да се потсетуваме и почитуваме историските вистини и факти. Со што ние Македонците треба да се гордееме, кога станува збор за нашата историја и минато.

Тој историски аманет треба да го имаат во предвид и сегашниве властодршци, а не да се поигруваат со името, идентитетот и да подпаѓаат под разни туѓи интереси.  Што за жал ни се случува. Нашите соседи  Грција и Бугарија, наместо да развиваат добрососедство со Македонија, тие се повампируваат со своите империјалистички замисли уште од минатиот век со  негирање на Македонија како држава, негирање на  македонското име, идентитет, јазик, негирање на нашиот македонски апостол Гоце Делчев, солунските браќа Кирил и Методиј… Историјата и науката се на наша страна. Македонската комисија која прегивара со бугарската ги има сите историските аргументи и факти кои се на наша страна. И верувам во нив. Ќе победиме против ваквите „добрососедски“ држави како што е Бугарија и Грција. Нашиот проблем е во тоа што имаме Влада која ја води Македонија, како што пишува Тасевски која е антимакедонска багра што некогаш била собрана на ова тло. Обучени да го уништат својот народ. Јаничари. Перцепцијата на народот во Македонија е дека стануваме опасно место за живеење.

Судот за  човекови права во Стразбург, официјално објави дека има предмети за кои е започната постапка за неколку лица кои се повикуваат на аболиција дадена од претседателот Иванов, на потег се македонските судски и државни власти. Судот се уште не пресудил, но побарал објаснување за обвинетите лица во неколку случаи на СЈО во Стразбург.

Судот им дал рок 12 недели, владата да направи спогодба со луѓето кои се во процес на судење или осудени,а добиле прекин на постапките. Во спротивно на судиите им се закануваат казни и санкции и разрешување.  Судскиот совет кривично ќе одговараат што не ги разрешиле навреме, заради работење спротивно на закон. Само да напоменам дека професорот Калајџиев минатата година предупреди дека постапките на СЈО се спорни и ќе паднат во Стразбург.

Деновиве и еврокомесарот Оливер Вархеји кој беше во нашава држава Македонија, коментирајќи го извештајот на ЕК изрази загриженост на владеење на правото, а во однос на носење на закони по кратка постапка во комисијата за европски прашања на Собранието на Македонија, чиј шеф беше актуелниот вицепремиер Артан Груби (Грубијановиќ), поранешниот министер за правда Рената Дескоска, која дозволила злоупотреба на скратена постапка која ја дозволува комисијата за Европски прашања.

Во извештајот на ЕК, образованието се третира како систем кој е подложен на политички влијанија и корупција. Продолжува поделбата по етничка линија, а остануваат  и пречките за интегрирано образование. Во извештајот стои и за слабиот пристап до редовно образование за децата со попреченост и ограничен пристап до училишните објекти, недостигаат соодветни материјали за учење и е недоволна подршката на наставниците… загрижувачки се податоците со Писа тестирањата, високото образование… За аферата  за трошењето на европските пари Еразмус плус од 270 илјади евра од директорката која ја води Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова. Останува да се изјасни ДКСК и Јавното обвинителство Рускоска ќе ја следиме постапката.

Денес во мојава Македонија, оние кои не размислуваат како властодршците, им се вршат тортури, мобинзи, се поведуваат дисциплински постапки, се прераспоредуваат професионалци од едно работно место во друго подалеку од местото на живеење, се бркаат од работа, се сее страв на мафијата на Власт. Таа е перцепцијата за моја Македонија. Нема правда, владее опасност за живеење.

За македонскиот здравствен систем што да се каже доволно кажува податокот со недостаток на медицински кадар по болниците низ Македонија. Бројката  на новозаразени и починати се енормни. Ги очекуваме да ни тропнат на врата полицајците да не проверат дали сме повеќе од четири члена или имаме гости….

Жално, ама вистинито се нема Здравствена стратегија. Не се консултираат здравствените експерти. Постои самобендисаност на министерот Филипче. Трагедија. Останува да кажам нека ни е вечита Македонија.

Колумна на Ѓорѓи Илиевски

Виш просветен инспектор

Најнови вести