петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Илиоски: Најодговорен за хаосот кој што се случува во економијата е Зоран Заев

Илиоски: Најодговорен за хаосот кој што се случува во економијата е Зоран Заев

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски на денешната собраниска седница истакна дека заменик министерката за финансии е најмалку крива за хаосот кој што владата го предизвика во економијата.

-Најодговорен за хаосот кој што се случува во економијата е Зоран Заев, тогашниот министер Драган Тевдовски, и сегашната министерка Нина Ангеловска. Целта вика на законот кога се носеше беше да се овозможи поправеден систем за оданочување на доход и намалување на социјална нееднаквост. И сега после не цела година вие сфативте дека тој закон не ја исполнува целта. Дека не овозможи поправеден систем на оданочување доходот и не овозможи намалување на социјалната нееднаквост, образложи Илиоски.

Илиоски додаде дека од тој момент се гледа понатаму неискреноста на владата.

-Ако сте искрени, и ако кога сте го носеле законот за прогресивен данок сте имале една цел, и ако сега последна година сфаќате дека таа цел не е исполнета, наједноставно ќе беше заменик министерке како влада да излезете и да речете дека сте погрешиле. И дека овој закон го поништувате, нагласи Илиоски.

Најнови вести