Градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски е приведен во полициска станица на информативен разговор, јавува МИА.
Извори од истрагата информираат дека Стојановски е во полициска станица во врска со видеото што излезе во јавност на кое тој им се заканува на вработени во училиштата дека ги прислушува нивните телефонски разговори.
Повеќе детали се очекуваат од Министерството за внатрешни работи во текот на утрешниот ден.