петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Името со кое Македонија го губи идентитетот е прифатливо за Грција!

Името со кое Македонија го губи идентитетот е прифатливо за Грција!

Грчките медиуми, објавуваат евентуални предлози кои на 19 јануари би можеле да се најдат на преговарачката маса во Њујорк на средбата на Метју Нимиц со Васко Наумовски и Адамантиос Василакис.

Горна Македонија, Нова Македонија, Северна Македонија, Вардарска Македонија – се дел од имињата кои во минатото биле доставени како предлози, што сега, ги споменуваат грчките новинари како можни предлози, но не ја исклучуваат можноста Нимиц да смисли ново сложено име.

Нова Македонија, на македонски, без никаков превод, е името што според медиумите во Грција, и според дел од весниците и според дел од телевизиите е можното име за решение што преовладува во овој момент.

Васко Ефтов: Нова Македонија е најнесреќниот предлог, со тоа име Македонија го губи идентитетот

Политичкиот аналитичар и новинар Васко Ефтов во својата емисија ,,Во Центар’’ во декември жестоко реагираше на наводите во грчките медиуми дека македонската влада прифатила и самата го дала предлогот за промена на името ,, Нова Македонија”.

-Дури и оној штетен предлог ,,Централно Балканска Република’’ кој е уценувачки и понижувачки би бил подобар од овој предлог ,,Нова Македонија’’, вели Ефтов, кој во понатамошниот тек на емисија елаборираше токму зошто овој предлог ,,Нова Македонија’’ е најштетен досега по македонските национални интереси.

Тој вели дека токму овој предлог им овозможува и на Грците и на Бугарите да се чувствуваат како победници. Вардарска Македонија, Северна, Горна би биле проблем за Бугарија поради Пиринска Македонија, додека Нова Македонија како предлог би овозможило на Бугарите да кажат дека сме коминтерновска творба, а на Грците дека немаме никаква врска со Античка Македонија.

Според Ефтов, со името ,,Нова Македонија’’, Македонија истовремено го губи и своето име и својот идентитет и повторно за пример го зема името ,,Централно Балканска Република’’ и вели:

– Доколку го земеме тоа несреќно име или несреќен предлог Централно Балканска Република ние сигурно нема да бидеме Централно Балканци, но со име Нова Македонија ние веднаш стануваме Ново Македонци односно Македонци  после 1944 година тоа всушност е политиката на Грција и Бугарија. Со овој предлог Македонија би го загубила своето име но, и идентитет, јазик  и се она друго што се врзува за Македонците додаде тој.

Ефтов ја проблематизираше и изјавата на Талат Џафери во која тој вели дека самото собрание има легитимитет и право да одлучува за промена на името. Џафери потенцираше во емисијата Патот Кон на Алсат М дека  промена на името може да се направи во Собранието, доколку за тоа изрази желба парламентарното мнозинство како резултат на  континураната висока поддршка на граѓаните за евроинтегративните процеси, граѓаните му дале целосен легитимитет на Собранието, да во нивно име одлучи по однос на прашањето за промена на името.

Како резултат на сето ова Васко Ефтов го предупреди македонскиот народ и повикува на мобилизација за да не се дозволи да дојде до промена уставното име на Македонија.

Најнови вести