Движењето за Илирида повторно излезе со соопштение, осудувајќи го одземањето на надлежностите на неколку општини во сферата на образованието од страна на Министерството за образование. Според ова движење кое излезе со соопштение, овие албански општини треба да се откажат и да ја вратат федерализацијата.
-Унитарната власт, постепено се претвара во тоталитарна власт, тоталитарна власт каква што не прифаќа демократскиот свет, кога се знае дека инвестираше меќународниот фактор, за на крај и Р.Македонија да се канализира во демократските текови на европската фамилија. Со актот на навлегувањето на владата во одземањето на овластувањата на локалната власт, во општина Гостивар, Желино, како и готовност за, Липково, Боговиње, и Конче. Со овие еднострани одлуки се прави флагрантно газење на гласот и вољата на граѓаните. За вакви работи не треба да се носат драконски одлуки. Кај беше централната власт кога беше ограбено колективното богатство на плаќачите на данок и товарање со странски кредити. Селективноста ја иритира вољата на граѓаните и ја намалува довербата кон државата. Избраниците од преставниците на политичките партии, ја осетија на своја кожа неправдата од централната власт, за разлика од граѓаните.
Овие се аргументи за корпусот на албанските политички партии да го напушти унитаризмот, и да се сврти кон целосна децентрализација, или кон федерализација. Постулати кои ја задоволуваат демократијата, во спроведувањето на рамноправните демократски законски норми, во местата со два исти ентитета според демографскиот состав, се вели во соопштението на Движење за Илирида, пренесува ИНА.