среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Инфомакс: Византиски игри во СДСМ – Скопското крило му зема мерка на Заев, конгрес и поставување на Царовска за лидер на СДСМ

Инфомакс: Византиски игри во СДСМ – Скопското крило му зема мерка на Заев, конгрес и поставување на Царовска за лидер на СДСМ

Царовска според внатрепартиски мерења пред коронавирусот имала рејтинг близок до Заев, била урбана, образована и преку неа ќе можело да се продава феминистичката приказна во Македонија – Прва жена премиер. За да дојде до тоа мора да падне Заев, тој овие игри ги насетува уште минатата година и почнува сериозно да се плаши за својата позиција на среден рок, пишува порталот Инфомакс.

Планот е направен во Струмица, Љупчо Николовски, дете на Заев, како што е познат во партијата да го напушти МЗШВ и да отиде на местото ген сек на СДСМ, со цел подготовка на општинските за после пораз и ударот на скопското крило. Заклучено е дека во наредниот период концесии, лиценци и тендери треба да добиваат луѓе од струмичко или луѓе од висока доверба на Заеви.

Наелектризираност е присутна, а шаховските фигури во послените месеци брзо се местат. Скопското лоби го вади Филипче на површина, кој не е добар со Заев, ниту со Шекеринска, која самата и се бунтувала против неговото присуство на листите за пратеници.

Следен во играта е Максим Димитриевски, кој треба да ја игра картата на патриотот во СДСМ.

Планот оди по две линии.

СДСМ е свесна дека националните распродажби на Заев ќе ги однесат на буништето на историјата и затоа екипата на Царовска преку Максим ќе го осуди Заев и ќе се огради од политиките на распродажба на националните интереси.

Повеќе прочитајте на Инфомакс

Најнови вести