Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и Фондот на холокаустот во Македонија почнаа стратешко партнерство и иницијатива за зачувување на споменот на холокаустот.
– Иницијативата настојува да го зачува споменот на холокаустот во Македонија и да ја промовира традицијата и културата на македонската и еврејска заедница. Иницијативата се очекува да ја зајакне борбата против антисемитизмот, расизмот и дискриминацијата преку промоција на демократските вредности, човековите права и толеранцијата меѓу сите Македонци, информира ОМД.
Во соопштението се наведува дека се отвара фонд за постојаниот изложбен и Меморијален центар на холокаустот во Скопје во период од есента 2018 година во знак на одбележување на 75-годишнина од депортацијата на скоро 98 отсто од еврејската заедница од Македонија во логорот во Треблинка.