Откако претходно најавија дека настанот ќе се одржи на 28-ми март, денеска испратија соопштение дека се повлекуваат.
-Заради влошената епидемиолошка состоба и доцнењето со техничките подготовки, Иницијативниот одбор донесе одлука за одложување на закажаниот Вонреден конгрес, стои во нивното соопштение.
Иницијативниот одбор додава дека навремено ќе ги информира делегатите и јавноста откако ќе се утврди новиот термин.
Она што е симптоматично е тоа дека датумот за конгресот беше најавен на 10-ти февруари, кога епидемиолошката слика беше иста како и денеска, па оттука останува нејасно како наеднаш се променија работите веднаш откако Мијалков заврши во притвор? – коментира Лидер.
Предводниците на иницијативата Ивица Коневски, Филип Петровски и Борче Стамов веќе две недели се отсутни од јавноста.