четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Инспектор Илиевски до Пендаровски: Веднаш како врховен командант да побарате да се повлече скандалозната владина одлука за СЈО!

Инспектор Илиевски до Пендаровски: Веднаш како врховен командант да побарате да се повлече скандалозната владина одлука за СЈО!

Во оваа вонредна здравстена состојба чума (КОВИД 19) со која се соочува нашата држава и одзема секој ден невини животи и над 550 потенцијални заболени.Нашите херои здравствени работници водат секојдневна битка и се на прагот, а некои и го изгубија животот да немаат елементарна заштита за изведување на своите задачи.

Наместо да се даде приоритет на здравјето на нашите граѓани и да се вложат дополнителни средства и наместо да очекува дополнителни награди за здравствените работници, полицијата, војската, здравствените и санитарни инспектори (мотивирање) за нивниото несебично залагање  денес сум изненаден, шокиран од несериозниот потег на владата предводена од техничкиот премиер Оливер Спасовски да донесе скандалозна уредба во оваа вонредна состојба,која не е приоритет во овој миг.

Како врховен командат на Македонија!

Под итно да  побарате (вие во ова вонредна состојба сте должни) да се повлече донесената уредба објавена во Службен весник, на Владата донесена на 2 април, која е по барање на јавното обвинителство за пренамена на средствата за да им се исплатат на јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени од поранешното СЈО-пари од буџетот на јвното обвинителство за тековни, трошоци, заостанати плати и заостанати тековни трошоци.

За ова скандалозна уредба на Владата потпишана од Оливер Спасовски (потчинет на Заев) дали сте запознати и сте дале АМИН! За ова треба да одговорите, не мене,туку на гражаните на ова наша МАКЕДОНИЈА. И зоштоне е објавена уредбата на сајтот на Владата. Од што кријат?!

Сакам да Ве потсетам на мој напис во порталите пред некоку месеци(небеше вонредна состојба):

„…Криминал до криминал. Еколошки, образовен економски, правосудски криминал… Не сум изненаден и од аболицираниот премиер Зоран Заев кој вели: „ Правосудството мора да се прочисти од нечесни судии и обвинители“.

Така е, ама прво од кај Вас односно Вашите министри. Како и колку ваши министри и заменици министри, директори на јавни институции, разни комисии земале бонуси, согласно „Правилник“ дотации на парични средства …

Понатаму, оние твоите блиски во кој се колнеше и колнеш дека тоа не е ништо-нормално што земале дополнителни средства – бонуси за ризик во работата. да бидам појасен за оние кој значеа поим за правда во државата (СЈО) до резил на државата.

Примани надомесоци, бонуси на плата за секој обвинител, соработници, пари за синови и ќерки на судии,обвинители, директори, високи лица во МВР кои земале „скромни“ парични средства во евра. Ај да не заборавам. Да го потсетам аболицираниот премиер Зоќи( нека ми прости Русјаков) бонуси – надоместоци добивал и братучедот на министерката за правда Рената Дескоска „скромни“ 60 илјади евра. Сите работале во ризик. Добро.

Ние инспекторите: просветни, трудови, градежни, здравствени не работиме во ризик. Ќе речете ДА. Ама ако побараш надоместок-бонус ти следи дисциплинска или отпуштање од работа. ДКСК, да, но од таму ќе допратат допис до Управата за финансиска полиција, да ги испратат и испитаат надоместоците. И што ќе видат.

На списокот кој земал „скромни надоместоци“ од СЈО е и директорот на Финасиска полиција Арафат Муареми, кој за две години добил 26.000 илјади евра. Па 20 000 илјади евра ќерката на директорот на затворот на Шутка, па ќерката на директорот на МЕПСО, па на директорот на катастар, па ќерка на обвинителка во СЈО… Вака во Европа!?

Да, во Европа, имаме пример, се презема одговорност. Француски министер поднел оставка бидејќи платил приватна вечера со службена картичка, односно со државни пари или друг европски функционер платил возен билет со службени пари и слично.

Вака во Европа не може. Каде се моралните вредности. Што е морал. Во правната држава си  поднесуваат  неотповикливи оставки. Дали имаме совесност и одговорност. Не. Oва e трулеж на системот…

Врховен команданту. Вие сте на потег во оваа вонредна состојба. Ве очекуваме. Поздрав.

 

Ѓорѓи Илиевски

Виш просветен инспектор

 

Најнови вести