четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Инспекторите ги одземаа компјутерите за работа во маркетот на кандидатот за градоначалник на Ранковце од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

Инспекторите ги одземаа компјутерите за работа во маркетот на кандидатот за градоначалник на Ранковце  од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

Не цели 24 часа откако беше промовиран како кандидат за иден градоначалник на Ранковце, во маркетот кој го држи Борче Спасовски влегоа десетина инспектори.

Во овие моменти инспекторите од Скопје ги одземаат компјутерите за работа во маркетот „Динамит“ во селото Ранковце, сведочат жителите на ова место.

 

Според очевидци само еден ден откако беше објавена неговата номинација вкупно 12 инспектори од пазарна, финансиска полиција и УЈП влегле да прават контроли во дуќанот на Спасовски.

Семејството на Спасовски е убедено дека инспекторите се дојдени по налог на вицепремиерот за корупција и криминал Љупчо Николовски кој е од Крива Паланка и е одговорен во партијата за овој крај на Македонија.

Дел од сограѓаните на Спасовски кој важи за фаворит за победник на изборите се чудат на огромниот број на инспектори во нивната општина и на фактот што дуќанот на Спасовски се контролира од повеќе институции веднаш откако тој е избран за кандидат за градоначалник на Ранковце.

Најнови вести