недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Инспекторите ќе ги празнат угостителските објекти и ќе ги затвораат со законските измени, Пауновски повика на издигнување на свеста на граѓаните

Инспекторите ќе ги празнат угостителските објекти и ќе ги затвораат со законските измени, Пауновски повика на издигнување на свеста на граѓаните
МИА

Свеста на граѓаните треба да се издигне на највисоко ниво ако сакаме да се намалат бројките на заразени со Ковид-19. Ниту една инспекција, ниту, пак, полицијата може да излезе на крај ако некој сака да направи некаков прекршок. Сепак ние сме тука колку што можеме тоа да го спречиме, порача денеска директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски.

-Ако кај некого не делуваат казните не знам што друго да преземеме. Тоа значи крајно немање свест кон другите граѓани, рече Пауновски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата заедно со другите институции од Инспекцискиот совет.

Со досегашното законско решение, потенцира, немаме прао да ги затвораме објектите доколку ги нарушуваат протоколите за работа и единствено можеме да поднесеме кривична пријава до јавното обвинителство или до соодветниот суд.

-Затоа се носат построгите мерки со кои ќе можеме веднаш да ги затвораме објектите до 30 дена и да изрекувама парична казна на лице место со платни налози. И овие денови додека Собранието не ги донесе новите законски решенија по кои веднаш ќе пристапуваме кон празнење на угостителските објекти и кон нивно затоврање, ние постапуваме согласно досегашната практика, односно поднесување кривична пријава по член 205 и 206 за нарушување на протоколите, рече Пауновски.

По новите законски решнија, додаде, ќе постапуваме веднаш откако ќе излезат во Службен весник. (МИА)

Најнови вести