Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, кој откри незаконски професорски звања на двајца министри од ДУИ, за што беше и деградиран од директорот на просветниот инспекторат, денеска ќе има средба на таа тема во Германската амбасада.
По средбата, инспекторот Илиевски ќе одржи прес-конференција пред амбасадата во 11 часот.
Според тврдењата на просветниот инспектор, Ѓорѓи Илиевски, кој утврди дека тројца актуелни функционери незаконски против него се води хајка поради откриениот скандал.