вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Институтот „Крсте Мисирков“ закажа јавна расправа за измените на Законот за употреба на македонскиот јазик

Институтот „Крсте Мисирков“ закажа јавна расправа за измените на Законот за употреба на македонскиот јазик

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ за 15 јануари ја закажа јавната расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Законот за употребата на македонскиот јазик.

Предлагач е Советот за македонски јазик, во координација со министерствата за култура и за образование и наука.

Според претседателот на Советот, Људмил Спасов, фактички се работи за  нов закон зашто сосема поинаку и суштински ја разгледува употребата на македонскиот стандарден јазик во нашата држава, но и надвор од неа.

Меѓу најважните новините во предложениот закон е да се отворат нови лекторати во странство и да се возобноват тие што постоеле, да се создаде електронски корпус на сите научни истражувања за македонскиот јазик и да се формира инспекторат за употреба на македонскиот стандарден јазик како посебна институција во рамки на Министерството за култура.

Предложено е и на сите универзитети во нашата држава задолжително да се  изучува македонскиот јазик во траење од два семестра, а во културните центри во нашите амбасади во странство да се изучува македонски јазик за сите заинтересирани во таа држава.

Јавната расправа закажана за в среда ќе се одржи во амфитеатарот на Институтот, со почеток во 11 часот.

Најнови вести