КУРИР: Зошто кандидат за градоначалник, што ве поттикна да станете прв човек на Богданци?
Со општина Богданци раководеа градоначалници со различни видови и профили на образование и квалификација, некои доаѓаа од приватиот сектор, некои од јавниот, некои беа поврзани со невладиниот сектор имавме вршител на должност од граѓанскиот сектор и сите на свој начин го дадоа својот допринос за развојот на нашата општина. Сметам дека се создадени услови со општина Богданци да упавува лице на кое добро му е познато функционирањето на локалната самоуправа и нејзините органи од самата основа. Имам искуство во област администрирање на даноци и такси и локален економски развој ја познавам основата на потребите и проблемите со кои се соочуваат: граѓанскиот, невладиниот, приватниот сектор.
Добро ги познавам и приликите во секторски поврзаните институции од јавниот сектор во нашата општина. Како претседател на синдикална организација при општина Богданци, а пред се како вработен сум запознаен и со човечките ресурси со кои располага институцијата и институциите основани од општина Богданци, нивната економско социјална положба, условите за работа и сум сигурен дека ќе ги мотивирам да го дадат својот максимален допринос. Добро го познавам и финансиско сметковотсво, финансиски менаџмент, анализа на финансиски извештаи во овие области имам посетувано приватни обуки. Сметам дека младоста, енергијата, компетенциите и систематското размислување се моја најголема предност.
КУРИР: Каква е состојбата во општината, со кои проблеми се соочуваат граѓаните?
Општината располага со низа компаративни предности: огромни количини на подземни води со висок квалитет, плодна производна почва, голем број сончеви денови и константен ветар кои можат да се користат за обновливи извори на енергија, но сепак целите на економскиот раст не се остварени. Неповолните демографски движења се сериозна закана за локалниот развој во иднина. Кај природните богатва како ресурс за осварување на развојни цели најчесто личниот интерес на поединци и групи наспроти локалниот и државниот интерес преовладува при давање на одредени права и поволности за користење. Општествениот капитал како ресурс е девастиран и потрошен низ приватизација.
Недомаќинското, партизирано раководење и нераздвојување на партијата од државата во поголемиот дел на јавните институци на локално ниво е исто така проблем (од партиски вработувања до конструирање на буџети со цел остварување на предизборни капањи, користење на јавни ресурси во приватни и партиски цели…). Затоа сега имаме ситуација во која нема инвестиции и креирање на нови работни места, невработеноста расте, бројот на осигуреници опаѓа а работоспособното население мигрира кон град и во странство.
КУРИР: Оттука кои се клучни проекти кои треба да се спроведат во Богданци?
Фокусот ќе ми биде ставен на стратешки обмислен економски развој, главните теми ќе ми бидат урбанизацијата (каде урбанистичките планови за Богданци и урбанистиски планови за села мора да се реализираат), обезбедување на услови за постоечките и влез на нови инвестиции (преку зголемување на квалитетот на услугата од општинската администрација, доизградба на инфраструктура во индустриски зони и туристичка зона), потоа привлекување на инвеститори со производни и преработувачки капацитети, подобрување на локална инфраструктура во сите области (од локални улици и патишта, секторска замена на азбестните цевки во мрежата за водоснабдување, реконструкција и доизградба на канализациони мрежи, енергетска ефикасност во јавни објекти, инвестициски зафати во сите културни домови, детски и мултинаменски игралишта…) и на крај искористување на компаративните предности (со акцент на обновливите извори на енергија).
При спроведување на клучните проекти ќе овозможам користење на механизмите за вклучување на јавноста во креирање на политики и носење на одлуки на локално ниво. Во соработка со повисоко ниво на власт ќе ја завршиме и долго најавуваната инвестиција -реконструкција и проширување на регионален пат Богданци-Гевгелија. Планирам да бидат обновени и донесени низа стратешки документи битни за програмирање на развојот на општината. Нема да бидат заборавени ниту младите, пензионерите и ранливите категории за нив се ќе направиме да имаат подобри услови и поквалитетен живот.
КУРИР: Од кои начела ќе се водите во работата?
Редно време е да се тргне од основните вредности, начела и принципи: праведност, правичност, солидарност, хуманизам и социјална правда наспроти криминал и корупција за било каков напредок. Ќе се залагам за вистински вредности и реални политики наспроти популизам манипулација и медиумска пропаганда. Ќе се борам за општина на рамноправни луге ослободени од секаков вид на омраза, опкружување подготвено за натпревар согласно правила и критериуми кои важат за сите подеднакво.