четврток, 1. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Интервју со Менкиновски: Владата наводно бара решение за СЈО, а моли Бога да не го најде, нашиот закон треба да обезбеди правда

Интервју со Менкиновски: Владата наводно бара решение за СЈО, а моли Бога да не го најде, нашиот закон треба да обезбеди правда

„Некако психолошкиот страв од судирот со законите се прелева кај власта, па практично она што нас не обвинуваат станува некаков скриен страв посакувано решение исклучиво на власта. Никаква амнестија не бараме, а единствено веројатно амнестија посакуваат некои луѓе од власта бидејќи единствео тие ја споменуваат како категорија“.

Ова во интервју за КУРИР го истакнува адвокатот и преговарачот од ВМРО-ДПМНЕ за новиот закон за обвинителство Тони Менкиновски.

КУРИР: Зошто не го прифативте предлог законот за обвинителство од власта?

Менкиновски: Затоа што целта на еден закон е да создава и гарантира правда. Предлогот на Владата, поточно на министерството за правда имаше сериозни недостатоци кои во повеќе наврати беа коментирани од моја страна и од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Со таквите предлози на мала врата се враќа земјава во едноумие и минатиот систем на социјализам.

Не беа прифатливи одредбите СЈО да не одговара пред никого и сам да си го создава буџетот. Потребно е СЈО да биде дел од постојното обвинителство а не привилигирано тело кое ќе се злоупотребува за политика. Потребата од ново законско решение се наметнува преку досегашната работа на постојното специјално обвинителство кое има нарушен углед што е последица пред се на неможноста да испорача правда, користејќи го власта како алатка за политички притисоци наместо како алатка за спроведување на правдата. Нам во судскиот систем не ни требаат заштитени бели мечки, и механизми за злоупотреба во политички цели туку ни треба владеење на правото, почитувајќи ги и меѓународните норми и позитивното право.

КУРИР: Дескоска вели дека нема да прифати законско решение кое ќе значи амнестија. Барате ли амнестија?

Менкиновски: Некако психолошкиот страв од судирот со законите се прелева кај власта, па практично она што нас не обвинуваат станува некаков скриен страв посакувано решение исклучиво на власта. Никаква амнестија не бараме, а единствено веројатно амнестија посакуваат некои луѓе од власта бидејќи единствео тие ја споменуваат како категорија.

КУРИР: Тогаш, што ќе предложите како законско решение?

Менкиновски: Ќе предложиме законско решение, a кое ќе ги опфати анализите спроведени на европското применливо право од оваа област , препораките на меѓународната заедница во Република Македонија, принципите и начелата од Судот за човекови права од Стразбур. Законското решение ќе гарантира непристрасност во борбата против организираниот криминал, и ќе овозможи реална борба против корупцијата која беше констатирана и во последниот извештај на Европската Комисија за Република Македонја.

КУРИР: Оптимист ли сте за постигнување на решение?

Менкиновски: Тоа не зависи од нас, тоа зависи од спремноста на Владата и министерството за правда да ги слушне аргументите. Некако се наметнува чуството дека Владата наводно бара решение, а моли Бога да не најде, и притоа обвинувајќи не дека ние наводно го кочиме процесот. Еве шанса, ајде да седнеме, да го продискутираме предлогот кој ќе го дадеме до министерството за правда и да го прифатиме. Предлогот и новиот закон нема да биде ништо повеќе од сето она што веќе се применува во напредните земји од Европската Унија кон која се стремиме. Нека не се плаши Власта од спроведување на законот и гарантирањето на владеењето на правото, се друго би било лош изговор.

Најнови вести