сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ИО на Лекарска комора незадоволен од зголемувањето на платите во здравството

ИО на Лекарска комора незадоволен од зголемувањето на платите во здравството

Извршниот одбор (ИО) на Лекарската комора на Македонија (ЛКМ) смета дека направеното зголемување на платите во јавното здравство е парцијално и предизвикува непотребни поделби и конфронтации кај колегите. Бара да се корегира процентот на зголемување на платите на докторите со кое смета дека треба да бидат опфатени и матичните лекари.

Од ИО на ЛКМ денеска соопштија дека се незадоволни од договорот за определување на најниската плата во јавниот здравствен сектор потпишана од Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и Министерството за здравство со која вредноста на бодот се зголемува за 5 отсто.

Во реакцијата по потпишувањето, ИО на ЛКМ наведува дека висината на зголемувањето на бодот е повеќе од скромна и  не е во согласност со висината на зголемувањето за кои разговарале синдикатите (Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и Синдикатот  на клинички центар и…) и Лекарската комора.

– Имајќи го предвид ваквото непочитување на договореното околу зголемувањето на платите во здравството кое во разговорите беше определено на околу 15 отсто за 2018 година, Извршниот одбор смета дека синдикатите и нивните органи и тела во најкус можен рок треба да вложат напори и да се корегира процентот на зголемување на платите на докторите, а во спротивно тие треба да поднесат морална одговорност, се вели во соопштението.

Со корекцијата, како што смета ИО на ЛКМ, треба да бидат опфатени матичните лекари, а покачувањата мора да бидат сеопфатни и да се однесуваат на здравствениот систем во целина.

Најнови вести