Скопската полиција трага по познатиот македонски бизнисмен Штерјо Наков, дознава НетПрес од извори од Министерстово за внатрешни работи.
Според првичните неофицијални информaции, сопственикот на „Фершпед“, исчезнал пред неколку часа, а исчезнувањето го пријавило неговото семејство.
КУРИР побара потврда или демант од МВР за оваа информација, но до моментот на објавување на текстот не добивме одговор.
Неофицијални информации велат и дека последниов период Наков бил со нарушено здравје, односно боледувал од Алцхајмер.
Инаку, пред девет години Штерјо Наков се повлече од позицијата генерален менаџер на „Фершпед“ по 20 години на чело на најголемата шпедитерска компанија во земјата, чија приватизација беше изведена во 1990-те години.