Младиот Јосиф Попов веќе два дена е исчезнат, а неговите најблиски покренаа акција по социјалните мрежи со цел да се олесни потрагата по него.
Јосиф живее во населбата Драчево, но известено е дека последен пат е виден на патот кон гимназијата „Јосип Броз-Тито“, каде требало да посетува настава. На социјалните мрежи забележавме повеќе објави поврзани со неговото исчезнување, а од кои може да се заклучи дека тој неодамна е забележан во реонот на Универзална сала, а бил снимен и од безбедносните камери на пекарницата „Силбо“.
„Ова е Јосиф Попов. Вчера во 11 наутро му се губи траг за вечерва да го забележат во „Силбо“ околу 20:00h со човек по име Ангел Блажески, кој наводно е вратен од Канада. Со истиот тој се во контакт веќе извесен период, забележувани се во Влае, околу Сити мол, на плочник, Дебар Маало. Наводно човекот е бездомник и живее во некаква си колиба, по кажувањата на Јосиф, која се претпоставува дека е во реонот на Сити мол“, на Фејсбук објави Ивана Балабан.
Брат на другарка – Јосиф не е вратен дома 2 дена. Последно го виделе денес пред Силбо околу 20:00 часот со човек со плава коса. Доколку некој го забележи нека ѕвони на 071388246 или 072931594. Рт ве молам! pic.twitter.com/qaZDIWQ0Jc
— Мемма (@Mmilyah) December 1, 2021
Од објавените информации за момчето, дознавме и дека е облечен во светломалсинеста јакна, темни панталони и црни високи кондури.
„Јосиф не е вратен дома 2 дена. Последно го виделе денес пред Силбо околу 20:00 часот со човек со плава коса“, пишува на Фејсбук пријател на момчето.
Ова е човекот со кој е виден последно, ако некој го препознае, ве молам ѕвонете на 071388246 или 072931594
Видео од скриншотов има и тука https://t.co/XiyVrO67UO pic.twitter.com/8cQyLH4olQ— Мемма (@Mmilyah) December 2, 2021
„Ова е човекот со кој е виден последно, ако некој го препознае, ве молам ѕвонете на 071388246 или 072931594“, објавено е на социјалните мрежи.