О2 иницијативата преку статус на Фејсбук објавува дека пандемијата се искористува за сечење на здрави дрвја на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
-Дрвја здрави, повеќегодишни во склопот на Клиничкиот центар – Мајка Тереза се исекоа. Не се жртви на COVID-19, туку жртви на негрижата и односот кон зеленилото и на оваа власт во градот. Претходно се сечеа дрвјата во близина на Инфективната клиника, не реагиравме со оглед на тоа што имавме разбирање дека се брза да се постави што поскоро полската болница.
Но најновото сечење во близина на Детската клиника и околу паркингот покажува дека ситуацијата со пандемијата се искористува додека фокусот е на друг проблем, па покрај поправање и ставање нов асфалт, се проширува улицата и се исцртуваат нови паркинг места и сето тоа на сметка на малите преостанати зелени површини и дрвјата. Ако толку ви сметаат дрвја на одредени места и по толку годишно нивно опстојување, а многу се, зар нема ниедно попаметно решение, туку да се искорне, па ЌЕ посадиме 100 нови – решение.
Е па господа ви тргнало со пилата, додека никој не гледа дајте овие заробениве да ги искорнеме, ем повеќе паркинг т.е. пари, ем помалку проблеми со заробени дрвја, стои во постот на Иницијативата на Фејсбук.
? Дрвја здрави, повеќегодишни во склопот на Клиничкиот центар – Мајка Тереза се исекоа. Не се жртви на COVID-19, туку…
Gepostet von O2 Иницијатива am Dienstag, 14. April 2020