Снегот повторно како и секоја година ги изненади надлежните.
Овој пат камерите на Јавното претпријатие државни патишта се исклучени за да не гледаат граѓаните колку е натрупан снегот и не е исчистен од патарините, па се до граничните премини.
Патиштата инаку денеска во текот на целиот ден не се чистат од надлежните институции, додека забрана за движење се издава речиси на секој час на критичните места во земјава.
Граѓаните во се поголем дел незадоволни испраќаат фотографии од ситуацијата низ државата со снегот, додека власта мудро молчи за време на викендот кој е неработен за претпријатијата.