Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ на денешното гостување на 24 Отворено во дискусија за законот за ЈО ја посочи изјавата на еден од професорите на Правниот факултет и рече дека “правото не може да наведне глава пред политиката, тука говориме за материјален и реформски закон“.
Истакна дека не му е јасно како одредени луѓе лесно навлегуваат во вакви дискусии на специјализирани теми, без притоа да имаат експертско познавање и од теоретско и од практично ниво .
Нола Исмајловска Старова на ова го праша соговорникот Тошковски, кога кажал дека имало вклученост на луѓе коишто не се експерти, дали се однесувало на нејзе, по што Тошковски одговори дека конкретно мислел на господинот Џабир Дерала којшто не знаел од која позиција се вклучил во јавната дискусија за законот за ЈО иако не бил практичар по право.