четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Исплашени од соочување со народот, СДСМ почнаа да бегаат од емисии: Николовски немал 20 минути време па избегал од Трилинг

Исплашени од соочување со народот, СДСМ почнаа да бегаат од емисии: Николовски немал 20 минути време па избегал од Трилинг

Дали СДСМ исплашени од соочување со народот почнаа да бегаат од емисии е прашањето кое треба да се постави по одбивањето на учество на Шефот на изборниот штаб, Љупчо Николовски и генерален секретар на СДСМ на поканата да учествува во емисијата Трилинг на 24 Телевизија.

Имено, новинарот Горазд Чомовски, водителот на емисијата Трилинг вечерва истакна дека Љупчо Николовски од СДСМ бил уредно поканет да учествува во емисијата, но од неговиот тим му посочиле дека секретарот на СДСМ бил презафатен за учество во емисијата.

Имено, оваа емисија нема карактер на дебатна емисија, туку концепт на самостојно интервју, за чие учество веројатно Љупчо Николовски не сметал дека е потребно да одговори на жешките прашања или немал 20-тина минути време за да одговори на прашања во однос на вториот круг од локалните избори, додека од друга страна СДСМ во јавноста пропагира транспарентност пред граѓаните.

Најнови вести