Јана Стојановска, ќерка на познатата македонска актерка Силвија Стојановска која во четвртокот беше приведена и изведена пред судија на претходна постапка под сомнение за учество во меѓународен шверц на 700 килограми на кокаин од Шпанија за што доби 30 дневен куќен притвор, вели дека нејзината мајка е невина, не е дилер и нема никаква врска со криминал.
-Бев потресена кога дознав дека мајка ми е приведена. Меѓутоа накусо потоа беше утврдено дека таа нема врска со дилање дрога. Во случајот е поврзана поради братот на нејзиниот сопруг кој е осомничен за делото. Мајка ми е невина, приведена е без причина, тврди Јана Стојановска, која, исто така, е актерка за српскиот портал „Република“.
Истрагата, вели Јана, треба да го потврди тоа, како и дали нејзиниот сопруг, кој доби 30 дневен притвор, е вмешан во случајот.
-Дали тој е вмешан во случајот не знам, но знам дека мајка ми нема никаква врска со криминал. По завршување на мерката куќен притвор, ќе бараме да се брани од слобода, вели Јана и изрази цврста убеденост дека случајот нема да се одрази врз кариерата на Силвија Стојановска.
Актерката Силвија Стојановска беше приведена во четврокот под сомнение за учество во меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Шпанија. Приведен беше и нејзиниот партнер Воислав Будисављевиќ кому судот му одреди мерка притвор од 30 дена, а приведен е и неговиот брат кој живеел во Шпанија.