Никој не може да одговори како јас се најдов во „Јавна соба“, таму има многу девојки, така да ете некој мислел дека ете мене треба да ме стави таму и да ме објави мене и мојот телефонски број. За почеток на повиците не одговарав, а повиците беа „здраво како си“ и стартно не знае што се случува и од каде доаѓа тоа, ова во интервју за КУРИР го истакна Ана Колева која е една од жртвите кои овие денови гласно говореа за тоа што го доживуваат на сопствена кожа.
-На лице место кога го добив одговорот од полицијата дека со тоа што јас сум полнолетна и дека нема закон за тоа видов дека не само јас, туку било која девојка која отишла да пријави истото ја снашло и беше тоа мотивот што ме натера да направам нешто и да издејствувам да се смени тоа и кога ќе се обратиме во институција да добиеме соодветна заштита и соодветна постапка, вели Колева.
Таа додава дека на почеток се двоумела да го сними видеото, но потоа се одлучила на тој потег.
Целото интервју за КУРИР погледнете го во продолжение: