Незадоволни пациенти кои чекаат и по еден час возило или пак со часови патуваат до здравствена установа каде треба да добијат соодветна медицинска помош. Итна медицинска помош има и преморени екипи, кои секој ден се обидуваат да стигнат до сите делови на градовите од каде има повик.
Итната медицинска помош во време на КОВИД-19 се соочува со огромни потешкотии, од немање персонал па се до немање на соодветна опрема и возила. Тоа денес се случува, а што ќе се случеше да се приватизираше како што најавуваше министерот за здравство Венко Филипче.
Можеби денес итната медицинска помош ќе се соочеше и со уште поголеми проблеми. За приватизацијата на Итната медицинска помош министерот во тоа време посочуваше со оваа одлука единствено сака преку јавно приватно партнерство да ја поправи лошата состојбата во која се наоѓаат овие две служби.
ПРОПАДНАТА ФИЗИБИЛИТИ СТУДИЈА
Во 2018-тата година министерот за здравство Венко Филипче најави приватниот сектор да ја финансира и да стопанисува со Итната медицинска помош и Домашната посета на Бирото, дури во тоа време на јавни набавки се појави и оглас за изработка на физибилити студија кој беше објавен на почетокот на месец ноември, а прибирањето на понуди беше до 14-ти ноември.
Во Министерството за здравство ваквиот потег го објаснуваа со фактот дека јавното здравство во последните години покажало слаби резултати во менаџирањето во делот на Итната медицинска помош.
Министерот за здравство Венко Филипче за „Независен весник“ во 2018-тата година велеше дека сакаат да вклучат критериуми за експертиза што ја нема во државата, со што би се добило на квалитет. Очекуваше да се јават лекари од странски здравствени установи. Суштината е за иста цена на чинење на здравствената услуга да се добијат подобри услови.
„Суштината е за истата цена на чинење на здравствената услуга да се добијат многу подобри услови. Ние даваме дејност што во моментов или ја немаме или ја имаме, како што е Брзата помош, а не сме задоволни од тоа како функционира. Сакаме да бидеме сигурни дека во моментот кога ќе го дуплираме капацитетот на возила, на пример, во Брзата помош во Скопје, тоа како систем ќе биде доволно. Меѓутоа, ако сметаме дека нема смисла ние да инвестираме во возила, тогаш ќе биде подобро да направиме аутсорсинг. Која е другата поента? Ние ги правиме физибилите-студиите за да покренеме јавна дебата од која треба да излезат заклучоци. Да видиме дали може некој за иста сума пари да ни даде возила, експертиза“, велеше Филипче во изјава за „Независен весник“ во 2018-тата година.
ОСУДА ОД ОПОЗИЦИЈАТА
„Повторно се покажува дека Владата на СДСМ и министерот за здравство Венко Филипче имаат планови само за богатење на поединци и само зa уништување на се што е создадено во здравствениот систем. Овој пат тоа се крие под нова терминологија и обландата т.н. физибилити студија. Наместо да седнат да работат и да спроведат вистинска реорганизација и оптимизирање на здравствените служби, тие се фаќаат за најлесниот начин, а тоа е приватизацијата“, рече доктор Игор Николов на една од своите прес конференции одржана во 2018-тата година.
„Нема никаква реализација од најавуваните проекти за подобрувања на здравствениот систем кои ги вети СДСМ. Сведоци сме единствено на зајакнување на приватните здравствени болници. Такви се идеите за давање под концесија на трансплантацијата на органи, префрлување на Детската кардиохирургија во приватна клиника, физибилити студија за да се приватизира Итната медицинска помош, како и Домашна посета?!”, рече Марија Андоновска на една од своите прес конференции одржани исто така во 2018-тата година.
Според ставовите на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Филипче докажале дека единствено се борат само за лично богатење и богатење на поединци од СДСМ. И обидот за приватизација на Итната медицинска помош претставуваше уништување на се што е создадено во јавниот здравствен систем.
Дури и стручната фела се противеше на оваа одлука, а од Асоцијацијата за дезинфекција и стерилизација предупредуваа дека има многу недоречености во тендерската спецификација, иако министерот за здравство, Венко Филипче убедуваше дека на овој начин ќе се намалат трошоците за државата, како и појавата на болнички инфекции.