Итната медицинска помош во Македонија се соочува со недостаток на кадар, опрема и возила уште пред КОВИД-19. Со појавување на самиот вирус се усложни уште повеќе постоечкиот проблем со итната медицинска помош. Министерот за здравство, Венко Филипче уште на самиот почеток откако стапи на функција ветува решавање на горливиот проблем поради кој зависат животите на граѓаните.
НЕРЕШЕНИ ПРОБЛЕМИ
Министерот Филипче од самото свое министерување вети ќе изнајде решение на сите проблеми со кои што се соочува здравството, а особено со Итна медицинска помош.
Граѓаните уште од 2018-тата година бараше одговори од министерот Венко зошто толку малку само возила располага овој сектор. Иако се знае дека во 2017-тата службата за Итна помош имала единаесет возила. А, во 2018-тата тој број е преполовен или пак функционираат само 5 до 6 возила. Ова најмногу го чувствуваат граѓаните кои имаат дома лица на кои им е потребна итна помош во домашни услови.
Службата за Итна помош во 2017 на територија на Скопје се користеа 11 возила. И тоа во Карпош имаше три екипи, во Јане Сандански две екипи, Чаир исто работеа две екипи, во Ченто имаше една екипа, во Ѓорче Петров, Драчево, Петровец имаше по една екипа. Во тој период сите беа функционални, но година подоцна повеќето од нив воопшто не се во возна состојба, тоа го потврдуваа и упатените кои додадоа дека по потреба во Карпош имало плус по една до две екипи.
Филипче во тој период дури посочуваше дека ќе се примат, односно барало согласност финансиска за прием на доктори и сестри кои што ќе работат во таа Итна медицинска помош. Во службата за брза помош на почеток 40 луѓе, а негде во средина на следната година односно 2019 требаше да достигне до бројката 100. Значи 60 дополнително.
Од ова ништо не се случи, па затоа граѓаните го потсетија министерот за здравство, Венко Филипче за да се работи на крупни проекти, најпрвин треба да ги среди проблемите во самиот сектор да обезбеди се што е неопходно и потребно за да функционира секторот според потребите на граѓаните.
ВОЗИЛА НИКАКО ДА СТАСААТ
17 ноември 2018 година – Министерството за здравство на својата официјална страна објави соопштение во кое се потврдува обезбедувањето на 12 возила за ИМП по пат на електронска аукција. По тој повод и одржана е и прес конференција на која според тогашните наводи се говори за заштеда на пари. „При набавката на амбулантните возила постигната е најниската цена на чинење, со што Министерството заштеди 12 милиони и 240 илјади денари или околу 200 илјади евра“– изјава дадена од министерот за здравство Венко Филипче.
9 јуни 2019 година – Министерството за здравство изјавува дека се чека на владина седница да помине прашањето за промовираните возила на брзата помош за да се пуштат во функција. Според министерството до пред две недели (9 мај 2019) се стигнати набавени нови 12 возила оние од ноември 2018 но не може да ги напуштат гаражите поради административни проблеми.
11 февруари 2020 година – Министерот за здравство Венко Филипче дава изјава за медиуми „Во периодот кој следува дополнително ќе се зајакне и Службата за итна медицинска помош со возилата коишто ги очекуваме, набавени преку Министерството за здравство и со донација од Кина. 70 те,возила ќе бидат соодветно дистрибуирани, пред се да се зајакне службата во Скопје, но и во сите итни служби и патронажните сервиси ширум државата”
Од 2018 година до денеска државата треба да поседува над 80 возила на цела територија. Но во континуитет министерот Венко Филипче говори за само 12 набавени возила и некои 7-8 кои се чекаат. А, никаде не се споменуваат ниту донациите од Кина и Чешка.
Итна медицинската помош заборавена е од доаѓањето на министерот за здравство Венко Филипче, проблемот постои неколку години ,не е новопостоечки предизвикан само од КОВИД-19.