Во дебатната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 гостуваа Иванка Василевска, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Павле Богоевски.
Василевска рече дека е разочарана од Шарените револуционери кои се прикажуваа како независни граѓани загрижени за државата.
-Каде бевте кога се пееше албанската гимна во македонскиот Парламент? Каде бевте кога требаше да се брани Уставот на Република Македонија? Очекував овие слободарски граѓански организации да ме повикаат и да дискутираме, но не се случи тоа. Што се случи со слободоумните граѓани кои бараа правда и живот кога референдумот покажа на 31 септември минатата година, дека македонскиот народ и македонските граѓани се против мешањето на интеграциите во ЕУ и НАТО заедно со промената на уставното име? Едното со другото не може да биде споено. Не може да се деконструира македонската држава со некое ветување за интегрирање во наднационални организации. Тоа е срамно и за тоа нема друг пример во историјата, рече Василевска.
Василевска ја даде својата поддршка за Гордана Силјановска Давкова и рече дека таа како натпартиски кандидат ќе се заблагодари на партијата ВМРО-ДПМНЕ и ќе продолжи да ја извршува функцијата Претседател со правни професионалци за да го поттикне македонското да се демократизира.
Таа рече дека сите граѓани заедно ќе застанат зад неа бидејќи не припаѓа никому туку само себеси и на Република Македонија, тоа е жена која не можете да ја ставите во калап.
– Ние сме за правда зошто престанавме да функционираме како правна држава, се однесуваме како протекторат на меѓународните сили и меѓународните организации кои сакаме да ги достигнеме, но не можеме да прифатиме се откажеме од она што се нарекува суверенитетот. Власта создаде малигни тумори и не остави простор за иднина, рече Иванка Василевска.
Таа ги повика граѓаните својот глас да го дадат за професорката Гордана Силјановска Давкова за иден Претседател на Република Македонија гарантирајќи правда и правичност.