недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Иванов: Здравството е во толку лоша состојба што Стив Џобс да се стави заменик министер таму нема да има никакво подобрување

Иванов: Здравството е во толку лоша состојба што Стив Џобс да се стави заменик министер таму нема да има никакво подобрување

Иван Иванов, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска на собраниска седница посочи дека здравствениот систем е во очајна состојба, можеби власта треба да прошета по клиниките низ градовите да увиди во каква состојба се наоѓаат.

-Два месеци пред избори да разговараме за заменик министер во сектор во кој што владее целосен хаос верувајте дека нема да има никаков ефект, нагласи Иванов.

Иванов додаде дека ситуацијата во здравството е во толку лоша состојба што сега да се воскресне или Стив Џобс да се стави заменик министер таму нема да има никакво подобрување.

-Односно ситуацијата е повеќе од алармантна односно катастрофална. Верувам дека правите анкети за одредени области сигурно имате и за здравството. Дали постои барем еден човек во Македонија кој што е задоволен од здравствените услуги во Република Македонија, запраша Иванов.

Иванов истакна дека Власта треба да прошета низ клиниките посебно во оние кои што не се реновирани  за да видат дека тие се во очајна состојба. Таму здрав човек да влезе за две недели ќе се разболи.

Најнови вести