недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ивановски: Додека во регионот има ултра модерни возови, со СДСМ на власт македонските возови секој ден се палат и ги продаваат Македонски железници

Ивановски: Додека во регионот има ултра модерни возови, со СДСМ на власт македонските возови секој ден се палат и ги продаваат Македонски железници

На денешната панел дискусија насловена „Четири години Заев, четири години украден живот. Доста е!“, Синиша Ивановски, претседател на Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт посочи дека Македонија поради неспособноста на власта остана слепо црево во регионот.

-Овие четири години во регионот имаме сериозни поврзувања автопатски и железнички. Моментално додека ние разговараме за запалени возови и за скапите луксузни возила на директорите на железници и инфраструктура од Белград до Будимпешта ако се стигало за осум часа сега со ултра брзи возови ќе стигнуваме за три часа, истакна Ивановски.

Ивановски додаде дека додека во Македонија власта говори за стари возови од 50-тина години за кои што не се способни да ги држат барем колку толку во некаква кондиција на движење, а во регионот државите имаат современи возови со кои стигнуваат за неполн час на секоја дестинација. Македонија со СДСМ остана слепо црево во регионот.

-По четири години на власт, Бељаковце – Крива Паланка – Куманово е целосно застанато со изградба, компанијата од Германија односно изведувачот што ја изведуваше оваа траса го напушти теренот и сега остануваме без изведувач, остануваме со горе доле започнати работи, проектот трае години и години, појасни Ивановски.

Ивановски посочи дека возовите последни кои што се набавени се од времето кога Владата ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ, од тогаш оваа власт на Заев не набави ништо за да се обнови железничкиот парк.

-Имаме два запалени возови во последните дваесетина дена, и се погласни се шпекулации дека СДСМ да ги продаде Македонските железници, рече Ивановски.

Најнови вести