петок, 3. мај 2024. Вести денес: 0
home Вести

ИВАП јавно ја прашува владата до кога планира да ги игнорираат: Речиси 15 месеци како ивент индустријата е оневозможена да работи

ИВАП јавно ја прашува владата до кога планира да ги игнорираат: Речиси 15 месеци како ивент индустријата е оневозможена да работи

Асоцијацијата на инвент индустријата ИВАП преку статус на Фејсбук пишува дека речиси 15 месеци инвент индустријата е оневозможена да работи.

-Денес е 1 јуни, влегуваме во шестиот месец од УШТЕ ЕДНА пандемиска година и речиси 15 месеци како ивент индустријата е оневозможена да работи.
Пред извесно време Владата ја бомбардираше јавноста дека за ивент индустријата се одвоени речиси 2 милиони евра помош, но ајде да ги видиме фактите 👇👇👇
🚫12 април – Владата објави 2 милиони евра помош за ивент индустријата – исплатени 0 денари ❌
🚫21 април – Јавен повик за организирање на настани – резултати нема, ПОМОШ 0 денари ❌
🚫12 мај – Јавен повик за еднократна помош за операторите од ивет индустријата – резлултати нема, ПОМОШ 0 денари ❌
🚫Сеуште немаме информација за бескаматните кредити кои исто така беа понудени како можна помош ❌
❓Прашање до Владата – дали мислите дека сме алхемичари? Дали се запрашавте како преживуваат нашите компании?
Навистина дел од нас користеа помош за исплата на плати (8 плати за 15 месеци), но како да ги подмириме кредитите, режиските и останатите трошоци? Како да го изведеме ова по 15 месеци неработење?
❌Нема настани, нема концерти, нема работа и НЕМА ПОМОШ!
Јавно ја прашуваме Владата, кога мисли да согледа дека нашиот сектор е навистина еден од најпогодените и соодветно да ни помогне?, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Најнови вести