сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ивор Мицковски: Не им паднал профитот на фирмите бидејќи им фали Кочо претприемачот, туку им фали да се макне Кочо министерот

Ивор Мицковски: Не им паднал профитот на фирмите бидејќи им фали Кочо претприемачот, туку им фали да се макне Кочо министерот

Кочо Анѓушев најави крај на политичката кариера, со образложение дека му трпел бизнисот. Анѓушев неколкупати досега повторуваше дека економијата во Македонија блескала, но сега обелоденува дека неговите фирми книжеле загуби.

-За овој период приходите во моите компании опаднаа, а и профитите, некаде и до 50 отсто. Тоа е и заради моето отсуство. Ќе си го доработам мандатот, но бидејќи не сум член на ниедна партија, нема да продолжам со политиката, рече Анѓушев.

Премиерот Заев потврдува дека добивката на фирмите на Анѓушев е опадната за 50 %, па јасно се поставува прашањето како тоа се случило ако овие двајца политичари направија економијата да “блеска“.

Ако пропаѓаат бизнисите на Анѓушев, што останува за оние на лица кои не се дел од власта или блиски со политичарите?

Кој е виновен за загубите кои ги трпат фирмите во Македонија, вклучувајќи ги и оние на Анѓушев?

Самиот вицепремиер во синоќешното гостување на Топ тема говорепе за слабата реализација на капиталните инвестиции, за што посочи дека е резултат на слабостите и лошото менаџирање. Со ова директно го впери прстот кон менаџерскиот кадар, поставен на функција од власта во која и самиот е дел.

Анѓушев самиот призна дека оние кои треба да менаџираат се неспособни тоа да го направат како што треба, а кон кои министри и директори го вперува прстот, останува да видиме.

Аналитичарот Ивор Мицковски на својот Твитер профил пишува дека не им паднал профитот на фирмите бидејќи им фали Кочо претприемачот, туку им фали да се макне Кочо министерот.

 

 

Најнови вести