Најголемите политички партии во земјата СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вчера постигнаа договор предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули.
Парламентарните избори во Македонија ќе се одржат со мерки за заштита од ширење на коронавирусот, а изборниот ден ќе биде продолжен за два часа, и наместо во 19:00 гласачките места ќе бидат затворени во 21:00 часот.
Изборниот ден за разлика од претходно ќе биде во среда, која ќе биде прогласена за неработен ден, а во понеделникот и во вторникот ќе можат да гласаат болните, вклучувајќи и оние со Ковид-19 и лицата во изолација и самоизолација, како и затворениците. Молкот ќе настапи на 12 јули, недела, на полноќ.
До ова решение дојде по барање на опозициската партија која поради бројот на заболени од коронавирусот во земјата сакаше дополнителни здравствени протоколи и присуство на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.