вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Изборите за Лекарската комора се незаконски или на крајот ќе биде како да не се случиле, џабе што Гривчева прави се да остане на функција!

Изборите за Лекарската комора се незаконски или на крајот ќе биде како да не се случиле, џабе што Гривчева прави се да остане на функција!

Иако има низа на неправилности во изборите за ново раководство на Лекарската комора на Македонија на кои укажуваат и правниците и лекарската фела, претседателката Калина Гривчева Старделова не реагира. Или критиките се главно за тоа дека не се прецизирани постоечките акти, како и начинот на спроведување на самите избори. Актите наведени во Статутот на Комората од 2019 година воопшто не се усогласени, иако Комората се обврзува да ги усогласи со Статутот од, 2019 година.

-Во Статутот на Комората од 2019 година прецизно се наведени сите акти на Комората меѓу кои и Правилникот за избори и отповикување. Притоа јасно стои дека Комората се обврзува во наредните шест месеци да ги усогласи актите и јавно да ги објави. Сето ова не е реализирано, коментираат упатените.

Оттука правниците додаваат дека може да се толкува дека овие избори за Лекарската комора се незаконски и нестатутарни.

-Бидејќи нема усогласување на актите со Статутот може да се заклучи и дека изборите во Комората не можат да произведат правно дејство. Согласно со ова самата одлука за избори и изборот на нов претседател на Лекарската комора нема да доведе до правен ефект, коментираат правниците.

Дополнително, велат тие, имајќи во предвид дека секогаш се појавуваат апетити да се остане на функција, а тоа најчесто е проткаено со неправилности, добро е да се стави во Правилниот дека за истите треба да има набљудувачи.

-Точно е дека во Правилникот од 1996 година за избори во Лекарската комора не забранува набљудување на изборниот процес што значи дека може и да се набљудува. Но, посебно неправилностите во последниов случај, или последниве избори укажуваат дека тоа треба и јасно да се наведе, велат правниците.

Според нив ова е потребно, бидејќи како што велат на актуелната претседателка Старделова – Гривчева ништо не и се слуша, односно го следи само својот интерес повторно да ја води Комората и тоа по секоја цена.

-На Старделова – Гривчева изгледа треба да и се нацрта за да сфати дека спроведува избори кои се целосно нерегуларни, или треба да и се нацрта што се треба да усогласи за да бидат регуларни, барем да ја постави правната основа, коментираат правниците.

Најнови вести