вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Изгореа над 350 хектари нискостеблеста шума кај Богданци

Изгореа над 350 хектари нискостеблеста шума кај Богданци

Пожарот кај Богданци кај местото Брдаров камен, кој избувна вчера во 11 часот, целосно е изгаснат, сопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Противпожарните тимови се повлекуваат од терен, а на местото на пожарот е оставена дежурна екипа за да внимава да не дојде до повторно разгорување.

Според информацијата од ЦУК, изгорени се над 350 хектари нискостеблеста деградирана шума, грмушки и трева. Нема штета на четирите ветерници низ кои помина пожарот.

Пожарот го гаснеа шеесетина пожарникари и тимови на „Национални шуми“ и комуналното претпријатие на Богданци, како и авионите „Ер трактор“ и хеликоптер.

Според градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов, пожарот вчера почнал да се шири од пониските делови на овој терен каде се наоѓаат обработливи површини и тој се сомнева дека причина е човечки фактор.

Најнови вести