Владата на денешната 83-та седница донесе одлука од 1 јули да се дозволи редовна работа и во затворените простории на угостителските објекти (рестораните), вклучително и за организирање свадбени свечености, прослави, веселби и настани, со исполнетост до 40 отсто од капацитетот на објектите, но не повеќе од 250 гости, со строга примена на протоколи за работа на овие објекти.
Меуѓутоа оваа оваа одлука не се однесува на затворените простори на дискотеките, кабареата и клубовите за кои и натаму не е дозволена работа и посета на гости. (МИА)