Владата во собраниска процедура ги пушти измените на Изборниот законик, потврдуваат од кабинетот на Талат Џафери.
Предлогот на Владата е веќе ставен, по итна постапка, на денешната пленарна седница на Собранието, на што реагира опозицијата.
Измените предвидуваат членовите на ДИК да се бираат со просто мнозинство од 61 пратеник, а не како што е досега со двотретинско.
Целта е да се деблокира изборот на ДИК за да може да почнат подготовките за референдумот.
МИА