Сите обвинети се виновни за дејствијата, истакна на денешното изрекување на пресудата во случајот „Таргет-Тврдина“ судијката Џенета Бегтовиќ.
Судот ги донесе следните пресуди:
Горан Грујевски ги сторил кривичните дела „злосторничко здружување“ , „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“ единствена казна затвор од 15 години.
Тони Јакимовски за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“ единствена казна затвор од 6 години.
Гордана Јанкулоска за „злоупотреба на службената положба и овластување“ затворска казна од 4 години.
Никола Бошковски за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“ доби единствена казна затвор од 15 години
Сашо Мијалков за „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“ доби единствена казна затвор од 12 години.
Надица Николиќ за „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“ – единствена казна затвор од три години.
Владимир Варелов за „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување” е условно осуден.
Маријан Шумуликовски за „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување” доби условна осуда.
Силвана Златкова за „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување” доби условна осуда.
Васил Исаковски доби условна осуда и Валентина Симоновска за сторено кривичнo делo „фалсификување службена исправа“ доби условна осуда.
Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувањето директно и индиректно опфатило околу 20 илјади граѓани.