среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Извештај од Патологија: На родилката ѝ биле извадени здрави органи, се огласи и Веапоска

Извештај од Патологија: На родилката ѝ биле извадени здрави органи, се огласи и Веапоска

Скандалот околу родилката Веаповска која остана без здрави органи и натаму е во центарот на вниманието на македонската јавност.

Од Министерството за здравство вчера соопштија дека немало пропуст во работењето на дирекоторот Асани, иако родилката Јилдз Веапоска по пораѓањето остана без органи.

-Органите се вадени на 31 август, и зошто се пуштени на 4 септември. Што чекале тие толку денови. Се сомневам дека чекале 5 дена да поминат оние критични часови за тоа дали ќе умреш или ќе живееш. Органите се здрави и прави. Нека излезат и нека кажат зошто се извадени тие органи здрави, ако нема лекарска грешка, изјави Веапоска за „Телма“.

Додека во извештајот на Патологија се тврди дека на Веапоска ѝ се извадени здрави органи, од Лекарската Комора во која членува и самиот Асани, одбиваат да го дадат извештајот и се правдаат дека комората е составена од стручни лекари кои не се ниту вештаци, ниту истражители.

Инаку, во домот на струшкиот гинеколог и директор на болницата Мухамед Асани, беше пронајдена нелегална гинеколошка ординација, по што беше поднесена и пријава во струшкото обвинителство. Додека министерот за спречување на корупција и покрај скандалозниот случај во кој Веапоска за малку ќе го загубеше животот го брани докторот, претседателката на антикорупциска комисија смета дека во најмала рака Асани треба да биде разрешен.

Родилката Веапоска се породи на 31-ви август минатата година, по што состојбата ѝ се влошила и завршила на КАРИЛ во Скопје. Откако докторите на скопската клиника ѝ го спасиле животот, потоа ѝ кажале дека и недостигаат матката и еден бубрег.

Веапоска која е медицинска сестра тврди дека не знае зошто ѝ биле извадени здравите органи, нагласи дека е разочарана од извештајот и бара да ѝ биде одговорено каде ѝ завршиле органите кои ѝ биле извадени по породувањето.

Најнови вести