недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ја форсира ли власта Кацарска за да влијае врз идните одлуки на Уставниот суд?

Ја форсира ли власта Кацарска за да влијае врз идните одлуки на Уставниот суд?

Ја форсира ли власта судијката Добрила Кацарска да влијае врз Уставниот суд, во пресрет на одлучувањето за иницијативите кои се пред уставните судии?

Ова прашање се наметна во јавноста заради, на некој начин, невообичаениот тајминг на власта да притиска да се изгласа судијката како нов уставен судија. По три дена собраниска расправа за Кацарска во која пратениците од опозициските партии обвинија дека власта нема одговор зошто судијката заслужува да биде избрана за уставен судија, како и тоа дека со таквата одлука ќе биде извршен преседан со кој ќе се избере судија за кој Уставниот суд веќе има одлучено против нејзина одлука.

Во исто време со расправата за Кацарска, пред уставните судии се најде на одлучување и иницијативата за одлуката за аболиција од страна на тогашниот претседател на државата Ѓорѓе Иванов, за помилување на 56 лица во 2016 година, најголем дел опфатени со предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство. Но, уставниот судија Осман Кадриу изненадувачки побара пред да се одлучува за оваа точка, повторно да се расправа, по што Уставниот суд го одложи одлучувањето по иницијативата за оценување на уставноста од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година.

Седницата е закажана повторно дури за десетина дена, на 18 ноември. Да потсетиме дека во моментов Уставниот суд одлучува со еден судија или глас помалку, а се очекува Кацарска доколку биде избрана во рокот пред одржување на седницата да биде пресудниот глас за одлучување за аболицијата на Иванов.

Според експертите, ако Уставниот суд го поништи членот 11а од Законот за помилување ќе се активира аболицијата на Иванов од 2016-та година со која одлука се опфатија многу лица кои подоцна беа обвинети во кривилна постапка и на кои токму судијката Кацарска им има пресудено со затворски казни. Не треба да се занемари фактот што опозициските пратеници во Собранието обвинија и за потенцијалната можност Кацарска, која како што велат е блиска до власта и која го ослободи македонскиот премиер Зоран Заев во случајот „Поткуп“ , преку нејзе да се влијае и во идните одлуки на поднесените иницијативи за кои допрва ќе одлучува Уставниот суд.

Доколку Кацарска биде избрана за уставен судија ќе се изврши уште еден преседан, со кој таа со својот глас ќе може да влијае врз одлуката за оценување на уставноста на одлуката на Иванов, па со тоа да си ги потврди сопствените судења и пресуди.

Најнови вести