сабота, 2. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ЈА ПРЕСКОКНАЛЕ ОГРАДАТА И ЗАСТАНАЛЕ НА ГОЛЕМ ПРОЗОРЕЦ ОД КАДЕ ПОЧНАЛЕ ДА РЕШЕТААТ – нови грозоморни детали, преживеаниот ги има клучните докази!

ЈА ПРЕСКОКНАЛЕ ОГРАДАТА И ЗАСТАНАЛЕ НА ГОЛЕМ ПРОЗОРЕЦ ОД КАДЕ ПОЧНАЛЕ ДА РЕШЕТААТ – нови грозоморни детали, преживеаниот ги има клучните докази!

Грчката полиција во соработка со тим од Македонија трага по убијците на 39 годишниот Орхан Бајрами попознат како Оки.

Според истражителите на Полигирос, кои ја преземаа истрагата за ова ладнокрвно убиство, се чека изјава од повредениот пријател кој во моментот на пукањето бил покрај него.

Тие очекуваат најмногу информации да дознаат од него.

Убиството се случило во раните утрински часови во саботата, во туристичкото сместување каде престојувале Оки, неговиот повреден пријател и уше три лица, а се очекувало во неделата истите да се одјават, по што се заклучува дека најверојатно сторителите го знаеле неговиот распоред и ги набљудувале.

Од огненото оружје повреден е неговиот 45-годишен пријател, кој се лекува и е надвор од животна опасност.

39-годишната жртва била бизнисмен, а властите ја разгледуваат верзијата дека убиството е припишано на расчистување на сметки или дека се работи за извршување на смртен договор.

Според она што стана познато, се работи за двајца убијци кои пристигнале на местото со возило, а потоа ја прескокнале високата ограда и застанале на голем прозорец од каде испукале 19 куршуми.

Набргу потоа непознато лице (според информациите две жени сведоци на настанот) се јавило на 112 и пријавило дека некој бара помош. Кога екипажот на патролното возило пристигнал на лице место, констатирале дека двајцата веќе биле пренесени во Здравствениот дом Касандра Халкидики каде било констатирано дека Орхан е мртов, додека вториот маж е повреден.

Најнови вести